
Суши и онигири со автентичен јапонски вкус денеска учеа да подготвуваат средношколците од државното средно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Под менторство на искусни јапонски шефови-готвачи, идните угостители имаа ретка прилика да ги совладаат традиционалните техники на јапонската кујна. Пред камерите на М-Нет телевизија, учениците велат дека основните техниќки ги совладале, но ќе им треба се уште пракса дури ги усовршат своите знаења.
”Денеска подготвуваме онигири и суши. За подгтовката на суши треба ориз за суши, оризов оцет, сушени морски алги.“, вели Кјоко Нишикава
Ова гостување на Јапонската амбасада е почеток за една убава соработка, па директорката Шалева рече дека наскоро и тие ќе дојдат да ги пробаат нашите традиционални македоснки јадења.
,,Во кујната на нашето училиште секогаш се готви нешто ново и вкусно, меѓутоа денеска имаме нескојдневна прилика , наши гости да бидат претставници од јапонската амбасада кои што за нашите ученции ќе подготват дел од нивните специјалиети. Ова е почеток за една идна соработка при која што ќе имаме прилика пак ние да им ги покажеме нашите специајлитети.“, рече Шалева
,,Во соработка со Јанпоската Амбасада, одлучивме да направиме добра презентација на јапоската храна. Најпрво готвачот од јапонската амбасада направи квиз прашања за запознавања со јапонската култура, гастрономска понуда. Потоа направија презентација и сетоа тоа во моментот направија дирекна подгтовка на храната. Се подгтовуваа суши и онигири.“, кажа Антониевски
Денешниот поинаков час заврши со голема дегустација, а идните штипски готвачи покажаа дека ќе имаат можност да подготват суши исто како вистински јапонски мајстори.
Иван Митев, М-Нет