
Седмото коло на Првата женска фудбалска лига донесе нов висок пораз за Кочани, откако загуби на гостувањето кај Речица со резултат од 5:1. Ова беше дерби од дното на табелата каде трите бодови беа од капитална важност на две екипи кои и сезонава ќе се борат за опстанок.
Ова беше првата сезонска победа за Речица, а пак Кочани останува на дното од табелата како единствен тим кој нема триумф во шампионатот.
Каменица Саса ремизираше на гостувањето кај Пелистер, откако одигра 2:2 со што двете екипи ги поделија бодовите. „Рударките“ во два наврати стигнаа до водство, а домашниот тим двапати успеваше да го израмни резултатот, за на крај двете екипи да мора да се задоволат со по еден бод.
Шампионот Скопје славеше победа над Ас Јунајтед во Струга со резултат од 2:4, со што тимот од Пржино продолжува да нижи победи во Првата лига.
Љуботен стигна до нова победа откако на гостувањето во Драчево славеше со 0:3 над Истатов, додека пак Вардар стигна до првата сезонска победа откако на домашен терен со убедливи 4:0 славеше над Тиверија Брера.
На врвот од табелата е Скопје со 18 бодови, следува Љуботен како втор со 17 бодови, а пак Пелистер е трет со 16 бодови. Со по 13 бодови Тиверија Брера и Каменица Саса го делат четвртото место, а сите останати екипи имаат едноцифрен број на освоени бодови.
Ас Јунајтед е шести со осум бодови, Истатов е седми со шест бода, по четири бодови за делба на осмото место имаат Вардар и Речица, а пак Кочани е на дното со еден бод.
Александар Ванев, М-Нет