Деновиве ќе биде пуштена во употреба реконструираната спортска сала во ООУ „Димитар Влахов“, открива Јорданов за М-Нет

Деновиве ќе биде пуштена во употреба реконструираната спортска сала во ООУ „Димитар Влахов“, открива градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, во емисијата „Зум анализа“ на М-Нет ТВ. Јорданов посочи дека во изминатиот период се работело на унапредување на спортската инфраструктура, со реконструкција на спортската сала во ООУ „Тошо Арсов“ и изградба на нова спортска сала во населбата Караорман.

,,Eве, ексклузивно за вашата емисија ќе објавам дека деновиве ќе биде пуштена реконтруираната спортска сала во основното училиште ,,Димитар Влахов“, која откако е изградена, досега никогаш не била реконструирана. За првпат после долги години ги обнувуваме спортските содржини, спортската инфраструктура и конечно и оваа сала, покрај тоа што ја реконструиравме спортската сала во основното училиште ,,Тошо Арсов“, направивме во населба Караорман спортска сала. Еве, сега доаѓа на ред да биде реконструирана, односно да биде ставена во функција реконструираната спортска сала во основното училиште ,,Димитар Влахов“ од каде во минатото сме сведоци дека се произлегле низа на успешни одбојкари, успешни каратиски, успешни кошаркари кои стекнале вештини во спортот од најмали нозе токму во оваа сала во основното училиште ,,Димитар Влахов“. И тоа е нешто што општината мора да продолжи да го прави за да сосдаваме прави и вистински вредности кај најмладите, односно кај нашата иднина“, соопшти Јорданов

Јорданов е дециден дека Општината ќе продолжи со вложувањата во спортот и создавањето подобри услови за најмладите.

Ева Тушевска, М-Нет