В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

На 27.09.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Здружение Атлетски клуб „Скопски Маратон“ Скопје, ќе се одржи улична атлетска трка.

Трката е со траса на движење од улицата „9“ пред Домот на културата во општина Илинден, продолжува право по улицата „534“ во населба Илинден, потоа по улицата „532“ во село Марино, по улицата „10“ во село Кадино каде на кружниот тек се врти полукружно назад по истите улици – улицата „10“, улицата „532“, улицата „534“ и улицата „9“, па се продолжува по улицата „2“ се до Домот за стари лица каде се врти полукружно назад по улицата „2“ се до целта пред Домот на културата на улицата „9“ во населба Илинден.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Текстот В недела посебен режим на сообраќај во Скопје е превземен од МАКФАКС.