Општина Аеродром интензивно работи на поставување нови калистеника-зони со современа опрема за вежбање, со што се создаваат уште повеќе можности за спорт, рекреација и активен начин на живот.
Градоначалникот Дејан Митески денеска изврши увид на локацијата на улица „Тодор Чангов“ во Лисиче, каде што се уредува нова зона за калистеника во рамките на комплексот со спортски терен, детско катче и простор за дружење и рекреација за сите генерации.
Аеродром веќе го има првиот и најсовремен парк за калистеника покрај булеварот „Србија“ во Јане Сандански. Со вакви справи веќе е збогатено игралиштето „Патрик“ зад „Три бисери“, а во наредниот период ќе бидат поставени и во населбите Острово и Ново Лисиче, како и во Долно Лисиче.
На овој начин граѓаните добиваат можност да вежбаат и да бидат физички активни во секое време, бесплатно, под отворено небо и во уредена средина.
Спортот е многу важен за Аеродром и за аеродромци. Затоа продолжуваме да ги унапредуваме условите и да создаваме современи и достапни места за спорт и рекреација.
Текстот Нова калистеника-зона се уредува во Лисиче е превземен од МАКФАКС.