Кога купуваш нов стан, замислуваш како ќе изгледа твојот дом. Каде ќе биде трпезариската маса, каде ќе стои омилената фотелја, каде ќе се собираат најблиските. А сега, замисли една грижа помалку – кујната е веќе тука.
Со цел на своите купувачи да им понуди дополнителна вредност и целосно искуство на нов дом, Гранд Скопје подготви ексклузивна поволност со која на првите 10 клиенти кои што ќе купат стан почнувајќи од 23.09.2026, им доделува опремена и дизајнирана кујна.
Идејата е едноставна: новиот стан да биде уште поблиску до моментот кога навистина ќе стане дом. За секоја од 10-те кујни, дизајнот го презема LUX Design Studio, кои ќе се погрижат за севкупното решение, од идејата и проектирањето, па се’ до реализацијата и монтажата. Експертизата на дизајнерското студио дополнително ќе додаде на вредноста на станот во кој веќе инвестирате, без разлика дали тоа ќе биде вашиот нов дом или пак ќе ги користит бенефитите на одличната локација за издавање на истиот. Ова е исклучително значаен момент при опремувањето на еден од најважните простори во станот, а сега, првите 10 купувачи имаат можност да се вселат во дом со веќе осмислена и опремена кујна подготвена за користење.
Затоа што кујната не е само место каде што се подготвува храна, тоа е утринското кафе, првата заедничка вечера, разговорите што траат подолго од планираното и сите оние мали моменти од кои се создаваат спомени.
Со оваа кампања, компанијата Гранд Скопје сака да придонесе за првиот чекор во уредувањето на домот за своите клиенти – кујна во која ќе започнат вашите нови приказни.
Затоа, доколку размислувате за нов дом, можеби токму сега е вистинскиот момент да го направите следниот чекор.
За повеќе информации за условите на лимитираната понуда контактирајте го продажниот тим на GRAND Skopje (+389 70 233055 | +389 70 355351).
ПР
Текстот Купувањето нов стан во Гранд Скопје сега доаѓа со дизајнирана и опремена кујна! е превземен од МАКФАКС.