Тошковски: Секој еден треба чесно и одговорно да си ја сработи работата, а не да оди на боледување кога ќе му текне

Секој еден треба чесно, совесно и одговорно да си ја сработи работата, а не да оди на боледување кога ќе му текне, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање за најавените контроли. Тој уверува дека со новите мерки ќе бидат испочитувани човековите права и дека во никој случај нема да биде загрозено ниту едно човеково право. Тошковски смета дека се потребни поголема контрола и подобар институционален одговор поради, како што посочува, огромните злоупотреби на боледувањата.

,,Апсолутно ќе бидат испочитувани човековите права и во никој случај никакво човеково право нема да биде загрозено од страна на ниту една институција во државата. Од аспект на контрола и од аспект на потреба од подобар институционален одгвор во делот на огромната злоупотреба на боелдувањата кое што не е тајна. Сите знаеме дека во изминативе повеќе години, не сме две или пет, Бога ми од сам незавиност на државата, имаме атастрофални злоупотреби од страна на чинилите во рамки на овој дел на државниот апарат. И од огромен број на неработнции, како во рамки на државните институции, така и во рамки на приватните институции. Како што сме ние овде на работа и работиме, така секој еден во рамки на она кое што е должен да го сработи, треба тоа да го направи чесно, совесно и одговроно, а не да оди на боледување кога ќе му текне.“, вели Тошковски

Тошковски уверува дека при контролите ќе се почитуваат законите и човековите права. Вели дека институциите ќе мора да работат според правилата и без да се прекршуваат правата на граѓаните.

,,Секако дека сите тие процесни чекори кои што треба да ги превземеме институциоално мора да бидат согласно устав закон, Европска конвенција за заштита на човековите права и во никој случај не непочитувајки и кршејки човекови права и сгурен сум кој и да биде постапка одбрана да се спроведе институцвионално ќе биде согласно потребни стандарди и начала.“, посочи Тошковски

Инаку, очекувањата се дека со новите контроли ќе се намалат злоупотребите на боледувањата, но и дека притоа ќе бидат заштитени правата на вработените.

Иван Митев, М-Нет