Промовирана книгата „Криза на детството“ на професор Кирил Барбареев на УГД Штип

Промовирана книгата на проф. д-р Кирил Барбареев, насловена како „Криза на детството“, денеска на УГД Штип. Станува збор за книга која зборува за тоа како се менува детството денес и со какви предизвици се соочуваат децата. Барбареев пред камерите на медиумите истакна дека детството денес е се позабрзано, а границата на детството се намалува, па децата се порано влегуваат во светот на возрасните. Тој посочи дека родителите, училиштата, градинките и институциите треба да бидат поодговорни и попроактивни во справувањето со овие промени.

,,Што е тоа што се случува со детството таа сеобидува на еден по длабок начин да ја разбере кризата која што ни се случува пред очи. Тоа кажува дека денешното детство се менува, се менува формата на детсвото и мислам дека и како институции, но и како индивидуалци треба да сме многу повеќе подготвени кон предизвиците и да бидеме многу по одгворнии да се соочиме со овие ситуации во еден по формален контекст на одговорни на предизвиците во општеството. Затоа се поканеит повеќе стручни лица да зборуваат од аспект на психологијата, на педагогијата, на духовниот развој, од аспект на родителството, со цел да се објасни дека оваа тема е многу широка и ги допира сите во општеството. Мислам дека постојат многу моменти од нашата традиција кои треба да се задржат и кои што можат да дадат огромен придонес, но постојат и многу моменти кои што не кочат. Зборуваме од аспект на стереотипи, предрасоди во текот на воспитувањето од страна на родителството и општеството. Училиштето и градинката се оние кои што ја менува личноста на деттето, а тоа е всушност презент на културата во која растеме и се развиваме. Затоа треба да се бориме на подобри и поквалитетни содржини за живот. Децата имаат сега многу забрзано детсво, намалена е гранизата за тоа што е детсво. Рано влегуваат без капацитет во друга област. Треба да бидеме многу проактивни.“, вели Барбареев

Во рамки на промоцијата беше одржана и тркалезна маса, на која учествуваа професори, стручни лица и претставници од различни области. Тие ја истакнаа важноста на книгата и значењето на темата, посочувајќи дека прашањето за здравото детството ги засега семејството, образованието и целото општество.

Инаку, настанот се одржа во свечената сала на Правниот факултет при УГД, а целта на истиот беше да се отвори разговор за тоа како да се зачува детството и како на децата да им се овозможи подобри услови за растење и развој.

Иван Митев, М-Нет