
Чадор и џемпер од петок, есента доаѓа со ниски утрински температури, дожд и свежо време. Утрата и вечерите ќе бараат и потопол слој облека, иако дневните температури ќе останат релативно пријатни и ќе достигнуваат до 26 степени. Во деновите пред нас, синоптичарите велат дека не очекува променливо облачно време, а во петок попладне повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално и пообилни. Дожд ќе има и во текот на ноќта, како и во сабота наутро. Ќе дува и северен ветер, па утрата и вечерите ќе бидат посвежи и ќе не потсетат дека есента е веќе тука.
,,Утре ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност, ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец кој наместо долж повардарието ќе засилува. До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне и во текот на ноќта, како и сабота наутро, повторно се очекуваат врнежи од дожд локално пообилни. Утринските температури во четврток се очекуваат да бидат од 2 до 11, во петок од 3 до 12, што значи дека ќе имаме свежи утра.“, рече Поповски
И покрај свежите утра, дневните температури во наредните денови ќе останат релативно високи. Во четврток максималните температури ќе се движат од 18 до 26 степени, а во петок од 20 до 27 степени. Тоа значи дека дневните температури ќе бидат пријатни, со температури во рамките на просекот за овој период од годината.
,,Во четврток се очекуваат максимални температури од 18 до 26 степени, значи ќе биде топло. Во петок од 20 до 27, значи дневните температури ќе бидат во рамките на просекот за овој период од годината, додека утринските со некој тепен пониски.“, кажа Поповски
Инаку индексот на квалитетот на воздухот сега изнесува 30 ниво Просечно, што значи дека квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност. Дополнително на ваквите променливи темпертури, штипските лекари апелираат граѓаните да бидат внимателни. Да пијат доволно течности, да јадат здрава исхрана и да внесуваат доволно витамини, се со цел да не дојде до енсакани последици. Посебен апел упатуваат до хронично болните лица и децата, да бидат одговори за своето здравје.
Иван Митев, М-Нет