
ГКК Штип продолжува со засилувањето на ростерот за предизвиците во Суперлигата, а најново име во составот е американскиот кошаркар Даниел Хенкинс-Санфорд.
Станува збор за крилен центар висок 203 сантиметри, кој во Штип пристигнува со искуство од американската универзитетска НЦАА кошарка, каде настапувал за Саут Каролина и УМас.
Хенкинс-Санфорд зад себе има одлична сезона 2025/26, во која во просек постигнувал 11,3 поени и 7,1 скока по натпревар. Американецот бил стартер на сите 30 одиграни натпревари, што дополнително говори за неговата важна улога во тимот.
Со ангажманот на 203 сантиметри високиот Американец, штипскиот суперлигаш добива дополнителна сила и конкуренција во рекетот, а воедно продолжува со комплетирањето на составот за претстојните предизвици во најсилната македонска кошаркарска конкуренција.
Од ГКК Штип порачаа дека со доаѓањето на Хенкинс-Санфорд ја засилуваат конкуренцијата под кошевите и продолжуваат со градењето на тимот за настапите во Суперлигата.