Почна жетвата на оризот во кочанско, се очекува послаб род, производителите бараат мерки од државата

Жетвата на оризот во Кочанско почна, првите површини се ожнеани во Зрновци, а во општина Чешиново-Облешево официјалното зажнејување почнува денес. Но, оризопроизводителите од оваа општина, каде што се и најголем дел од нивите посеани со ориз се жалат дека годинава ќе имаат ниски приноси, поради појавата на плевел. Посочуваат дека неефикасните препарати за заштита на нивите ќе им го изеде родот. Очекуваат од овие ниви со ориз и плевел да имаат приноси од 300 до 350 килограми оризова арпа по декар.

Оризопроизводителите бараат државата да им дозволи на регистрираните земјоделци сами да си ги увезуваат препарарите за заштита на нивите. Тие на самиот почеток на жетвата на оризот се соочуваат со ниска откупна цена. Очекуваат наскоро да се направи калкулацијата и за производната цена. Според нив спас за оризопроизводството ќе биде донесување на посебен Правилник со кој ќе се регулира откупот и продажбата на белиот ориз, со кој што ќе бидат заштитени и производителите и граѓаните, бидејќи во моментов ќарот е кај откупувачите и трговците.

Во кочанско годинава под ориз се околу 4.000 хектари, а оризопроизводителите велат дека во амабарите им е складиран и дел од родот од 2024 и 2025 година. Бараат од Владата и ресорното министерство да ги добијат субвенциите за зелена нафта, со што ќе имаат помали трошоци за жетвата на оризот во текот на наредните два месеца.

Иван Митев, М-Нет