
Штипјанката Габриела Величковска е нов тренер на прволигашот Астибо од Штип, искусната ракометарка која градеше меѓународна кариера во Франција сега започнува тренерска кариера.
Откако минатата сезона Астибо поради финансиски проблеми го откажа натпреварувањето во Супер лигата, се врати ранг подолу и се натпреварува во Првата лига со домашни и млади ракометарки.
32-годишната Величковска ја заврши играчката кариера и започнува тренерска кариера, а на првиот меч од новата сезона дебитираше со пораз откако Астибо загуби од Стружанка во Струга со резултат од 26:20.
Претходно, Величковска ја водеше пионерската екипа на ЖРК Чаир во сезона 2025/2026.
Во однос на самиот меч кој се игра во спортската сала „Тими“, Маја Раткушиноска постигна 11 гола за Стружанка, додека пак кај штипскиот тим прво име во листата на стрелци беше Ана Марија Накова со осум гола.
Во рамките на второто коло Овче Поле СУ го декласираше Шампион со 36:13, додека пак Струга со тесни 26:25 ја доби Гевгелија Југ.
Александар Ванев, М-Нет