
По 2.000 пастрмајлии очекува да продаде секој од угостителите на овогодишното издание на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“. По 250 денари, посетителите можат да избираат меѓу свинска и пилешка пастрмајлија. Угостителите велат дека и годинава нудат квалитет, добар вкус и, пред сe, гостољубивост.
во Штип и годинава пристигнаа посетители од цела Македонија. Велат дека традицијата треба да се негува, а по вкусената пастрмајлија, велат штипската е најубава
Штипската пастрмајлијада и годинава го привлече вниманието на посетителите, кои уживаа во традиционалниот специјалитет и празничната атмосфера. Манифестацијата продолжува да ја негува традицијата и да ја промовира штипската пастрмајлија како еден од симболите на градот.
Иван Митев, М-Нет