
Делегирани судиите за шестото коло на Втората македонска фудбалска лига, кое коло се отвара утре со шест мечеви, а се затвара в недела со еден натпревар.
Македонија ЃП ќе игра против Работнички на домашен терен, а правдата на овој меч кој ќе се емитува во живо на М Нет телевизија ќе ја дели Боби Величков, а негови помошници ќе бидат Роберт Црвенов и Андреј Ќамилов, а пак четврти судија ќе биде Ненад Тодоровски.
Штипјанецот Димитар Пилешков ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Охрид, а негови асистенти ќе бидат Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев, а пак Крумислав Ѓоргиев ќе биде четврти судија.
Штипскиот судија Стојанче Стојанов ќе им суди на Еуромилк ГЛ и Беласица, а ќе му асистираат Богданчо Ѓеоргиев и Кирил Јованов, а пак Дарко Стојанов ќе биде четврти судија.
Тетекс на домашен терен ќе игра против Осогово, а главен арбитар ќе биде Марјан Стојановски, а пак помошници ќе бидат Зоран јанкуловски и Осман Зеќири, а пак четврти судија ќе биде Бенарт Зеќири.
Во Гевгелија каде ќе се соочат Кожуф и Новаци главен судија ќе биде Пларент Салихи, а помошници ќе бидат Тоше Ицев и Илчо Пауноски, а пак Ангелчо Ристов ќе биде четврти судија.
Јован Качевски ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Камјани и Детонит Плачковица, а пак Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски ќе биде помошници, додека пак Ивица Перовски ќе биде четврти судија.
В недела колото се затвара со мечот во Струмица меѓу Брера и Шкупи, каде Блаже Петковски ќе биде делител на правдата, а ќе му помагаат Иван Танев и Стефан Митров, а пак Јордан Јовановски ќе биде четврти судија.
Сите натпревари ќе започнат во 15:45 часот.
Александар Ванев, М-Нет