Штипјани спремни за Пастрмајлијада – два дена уживање, веселба и позитивна атмосфера

Со добро друштво, позитивна атмосфера, песна и некоја чаша алкохол, штипјани се спремни за Пастрмајлијадата. Велат, задутре ќе ги пречекат своите роднини од другите градови, ќе се провеселат и ќе уживаат во празничната атмосфера. За нив, овие неколку дена се можност малку да се заборават секојдневните грижи и нервози и да се помине време во добро расположение.

Планот е јасен, добро друштво, добра песна и убаво расположение. Велат, барем на неколку дена ќе ги остават грижите на страна и ќе си дадат малку мерак. Пастрмајлијадата уште не почнала, а штипјани веќе се спремни за добра забава.

Иван Митев, М-Нет