Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со министерот за животна средина на Република Албанија, Софјан Јаупај, кој престојува во Скопје по повод учеството на Меѓурегионалната средба на главните преговарачи и високи претставници задолжени за европската интеграција.
На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на заштитата на животната средина, со посебен акцент на заедничката одговорност за зачувување на природното и културното богатство на регионот.
Министрите разговараа и за конкретни чекори и иницијативи за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, во насока на одржлив развој и подобрување на квалитетот на животната средина.
Во пресрет на министерскиот состанок за Зелената агенда за Западен Балкан, кој ќе се одржи неделава во Црна Гора, Хоџа и Јаупај ја потврдија определбата за реализација на заеднички активности, во согласност со споделената визија за одржлив регион, интегриран во Европската Унија.
Текстот Хоџа – Јаупај: Продолжува соработката за заштита на природата и одржлив развој на регионот е превземен од МАКФАКС.