
Проблемите со квалитетот на воздухот и понатаму се присутни, особено поради зголемените концентрации на ПМ-честички. Останатите параметри се во дозволените граници, но потребно е навремено да се детектираат изворите на загадувањето за да се најдат соодветни решенија, рече ректорот на УГД, Дејан Мираковски.
,,За жал, сѐ уште имаме проблеми со воздухот и ги надминуваме сите дозволени параметри, пред сѐ од аспект на суспендираните цврсти честитчки или популарно наречени ПМ 2,10, другите параметри се во ред, но сметам дека доколку продолжиме да ги наоѓаме проблемите, да ги детектираме проблемите, сигурен сум дека ќе најдеме и решенија. Генерално, за срежа имаме и мало подобрување последните неколку години. Иако сѐ уште од аспект на суспендирани честитчки во повеќето урбани средини имаме значителни надминувања“, вели Мираковски
Мираковски е задоволен од подобрувањето на квалитетот на воздухот во последните години.
Ева Тушевска, М-Нет