Осум денари дополнително за кг оризова арпа и нова производна цена од 35 денари – договор меѓу оризарите и министерот Серафимовски

Осум денари дополнително за килограм оризова арпа од реколтата 2025 и нова производна цена од најмалку 35 денари за килограм, се барањата на оризопроизводителите од Кочанско до министерот за земјоделство Борче Серафимовски. Тие очекуваат барањата да бидат исполнети по вчерашниот состанок, кои тие го одржаа со него во министерството. Оризопроизводителот Здравко Арсов за Н-Нет телевизија вели дека и двете барања на средбата биле прифатени. Производителите велат дека поради поскапувањето на нафтата, препаратите и ѓубривата, со сегашната цена тешко ги покриваат трошоците. Арсов очекува ветеното да биде исполнето и дополнителните средства да им бидат исплатени.

,,Јас лично сум задоволен од средбата, сите барања беа прифатени. Станува збор за две барања. Осум денара дополнителни за реколта 2025. И имам уште еден проблем имавме, затоа побаравме да се направе нова производна цена, затоа што нафта, препарати, губрива, се покачени, така да ние бараме новата производна цена да не е испод 35 денара доле и врз база на тоа, не да преживуваме, веќе и ние да живееме. Те тие се двете барања, мислам дека обеќаа дека целото тоа ќе биде прифатено. Како ќе биде и што, очекуваме да видеме со текот на времето. Јас очекувам дека овие две барање ќе бидат во целост исполнети, јас очекувам, а дали ќе ги исполнат не знам. Ако имаар пари ќе ги исплатат, ако не не знам како ќе биде.“, рече Арсов

Иако не добиле конкретен рок, оризопроизводителите велат дека од министерот добиле уверување оти барањата ќе бидат исполнети во најкраток можен рок. Арсов предупредува дека годинава ги очекува најлошата реколта во историјата на оризопроизводството, а за проблемите, според него, е запознаен и премиерот.

,,Па видете, рок не ни даде, но ни рече дека во најкраток временски рок се да биде исполнето. Оваа година ќе биде најкатастрофална реколтата од истроијата на произпоризводството. Запонаен е и премиерот. Тој велел когасме обеќале ќе го исполнеме.“, додава Арсов

Оризопроизводителите сега чекаат ветената помош да биде реализирана, но велат дека времето им е важно поради тешката состојба во производството. Дали барањата ќе бидат исполнети, останува да се види во наредниот период.

Иван Митев, М-Нет