Сувомесното станa луксуз за граѓаните во Штип – купуваат еднаш месечно или само кога ќе им дојдат гости

Сувомесните производи стануваат луксуз за граѓаните во Штип. Ако порано се купувале речиси секоја седмица, сега велат дека купуваат едвај еднаш во месецот или најчесто кога ќе им дојдат гости. Скапо е, велат граѓаните, а за истите пари што порано купувале поголемо пакување, сега добиваат едвај десетина парчиња. Децидни се дека мора да се внимава на секој денар и да се откажуваат од некои работи кои порано биле редовен дел од пазарувањето.

Граѓаните велат дека денес се е поскапо и дека парите многу побрзо се трошат. Истакнаа дека времето на Југославија има повеќе можности, можеле да си купат што ќе им посака душата, а денес гледаат прво како да ги истераат месецот и сметките.

Граѓаните велат дека поскапувањата не се само кај сувомесните производи. Забележуваат повисоки цени и кај сирењето, печивата, но најмногу, како што велат, кај детергентите и средствата за домаќинство.

Иван Митев, М-Нет