Викендот започнува Трета лига во сите шест региони: Поранешни прволигаши, екипи кои играле во Европа

ФОТО: Александар Ванев

Во новата сезона 2026/2027 во Третата македонска фудбалска лига ќе има шест регион, а стартот е закажан за овој викенд со натпреварите од првото коло.

Познати се сите екипи во секој регион, а шампионите од сите региони меѓусебно ќе играат бараж за влез во Втора лига.

Во Трета лига регион 1 ќе се натпреваруваат Њу Старс, Аеродром, Башкими Љуботен, БВК Коњаре, Беса Скопје, Илинден, Кул Здравје, Марино, Перпарими Нигиштан, Ржаничино, Студеничани и Фортуна.

Во првото коло Студеничани ќе игра со Кул Здравје, Беса Скопје со Марино, Аеродром со Илинден, Ржаничино со Перпарим Нигиштан, Фортуна против БВК Коњаре и Башкими Љуботен ќе игра со Њу Старс.

Во Регион 2 ќе бидат десет екипи односно Куманово, Јуниор, Академија Осогово, Беса, Влазними, Козјак, Липково, Победа, Пчиња и Речица.

Во рамки на првото коло Козјак ќе игра против Пчиња, Речица против Победа, Јуниор ќе се соочи со Куманово, Липково против Влазними, Беса ќе биде домаќин на Академија Осогово.

Во Трета лига регион 3 ќе бидат 12 екипи и тоа Овче Поле, Тиверија, Малеш, Ударник, Каменица Саса, Слога Виница, Победа Валандово, Карбинци, Брегалнциа Делчево, Хоризонт Турново, Огражден и Дојранско Езеро.

Во рамки на првото коло Овче Поле ќе игра против Тиверија, Малеш ќе игра со Ударник во Берово, првото коло носи и дерби на двата лански второлигаши Каменица Саса против Слога од Виница.

Победа Валандово ќе игра со Карбинци, во Делчево ќе се соочат поранешните прволигаш Брегалница и Хоризонт Турново, а пак дебитантот Огражден од Ново Село ќе игра со Дојранско Езеро.

Во Регион 4 ќе се натпреваруваат 14 екипи и тоа Вардар Неготино, ГФК Победа, Башкими од Јаболчиште, Борец, Бучин, Венец, Влазними Јуниор, Големо Коњари, Млекар, Питу Гули, Победа од Пепелиште, Росоман и Ултрас.

Во првото коло ГФК Победа ќе игра со Превалец, Влазними Јуниор против Росоман, а пак Бучин ќе го пречека Вардар Неготино. Во првото коло Големо Коњари ќе игра со Башкими до Јаболиште, Победа од Пепелиште против Питу Гули, Борец со Млекар, а пак Венец со Ултрас.

Во Трета лига регион 5 ќе се натпреваруваат 13 екипи односно Баир Спорт, Влазерими Јуниор, Влазними, Демир Хисар, Караорман, Кравари, Крошу Спорт, Могила, кичевски Напредок, Напредок од Ношпал, Преспа, Света Троица и Чардак.

Во првото коло Кравари ќе игра со Влазними, Света Троица против Напредок од Ношпал, Караорман со Могила, Баир Спорт со Крошу Спорт, Преспа со Чардак и Напредок од Кичево против Демир Хисар.

Во Регион 6 ќе се натпреваруваат Гостивар, Јехона, Љуботен, Вардар Брвеница, Градец, Доброшти, Дрита, Кораб, Лирија, Речица, Скендербег, Џепчиште и Цетинска за вкупно 13 екипи.

Во првото коло Дрита ќе игра со Јехоан, Лирија ќе биде домаќин на Доброшти, Скендербег против Кораб. Цетинска ќе се соочи со Џепчиште, Љуботен ќе биде домаќин на Градец, а пак Гостивар ќе оди на мегдан со Вардар од Брвеница.

Александар Ванев, М-Нет