
Викендот ќе започне новата сезона 2026/2027 во Третата македонска фудбалска лига регион 3 со мечевите од првото воведно коло, а ќе се натпреваруваат 12 екипи.
Поранешни второлигаши и прволигаши, еден вицешампион на Македонија кој играше и во Европа ќе бидат дел од третолигашкото друштво кое ќе гравитира од Македонска Каменица до Дојран.
Веќе е познат и распоредот односно двојките за првото коло, а фаворитската улога за шампионската титула која значи и бараж за Втора лига ќе ја имаат Овче Поле од Свети Николе и ланскиот второлигаш Каменица Саса.
Во рамки на првото коло Овче Поле ќе игра против Тиверија, Малеш ќе игра со Ударник во Берово, првото коло носи и дерби на двата лански второлигаши Каменица Саса против Слога од Виница.
Победа Валандово ќе игра со Карбинци, во Делчево ќе се соочат поранешните прволигаш Брегалница и Хоризонт Турново, а пак дебитантот Огражден од Ново Село ќе игра со Дојранско Езеро.
Првопласираниот тим обезбедува бараж за Втора лига, а според новите пропозиции шампионите од шесте третолигашки региони ќе играат меѓусебно, наместо како досега кога за противник можеа да добијат и третолигаш.
Александар Ванев, М-Нет