Ќе се искоренат ли старите навики со фрлањето ѓубре каде ќе ни текне?

Наместо во канта, ѓубрето во Штип најчесто завршува покрај кантата или на улица. Мнозинството анкетирани граѓани тврдат дека културата и навиките во Штип се на ниско ниво, истакнувајки дека кој каде ќе стигне, таму го фрла отпадот.
Велат дека кога се во Германија, внимаваат каде ќе фрлат, а тука истите правила не се применуваа.
Иако за Штип се најавени специјализирани возила за одржување на јавната чистота, сепак граѓаните велат дека за почист град не е доволна само нова механизација.
Потребно е велат секој од нас да внимава каде го фрла отпадот и да покаже малку повеќе грижа за градот во кој живее.

Граѓаните велат дека колку механизацијата не е секогаш доволна за да градот биде чист. Потребно е велат казни за да се исфрлат старите навики.

Инаку минатата недела во државата беа промовирани новите
специјализирани возила за одржување на јавната чистота и унапредување на комуналната хигиена. Меѓу повеќето општини возила добива и Општина Штип.
Со новата современа механизација, очекувањата седека ќе се овозможи поефикасно одржување на јавните површини и поквалитетни комунални услуги за граѓаните, но според граѓаните потребна е и свеста кај граѓаните.

Иван Митев, М-Нет