
Наместо деновиве да го започне своето средно музичко образование и да го следи својот сон, 15 годишниот Алмир Азировиќ од Општина Лозово и годинава останува во основно училиште, бидејќи повторно ќе оди во деветто одделение. Неговиот татко Елвир Азировиќ пред камерите на М-Нет телевизија се жали дека на 23 јуни поднел претставка до Државниот просветен инспекторат, со барање да се испита дали училиштето законски и правилно постапило при донесувањето на одлуката, неговиот син да ја повторува годината. Но, до вчера, 1 септември, според него, ниту добил одговор, ниту бил известен дали воопшто е направен инспекциски надзор. Бара претставката да му биде разгледана со приоритет
,,Jaс како родител Елвир Азировиќ, родител на ученик Алмир Азировиќ кој неоправдано го повтораа во деветто одделение, поднесов преставка до државниот инспекторат на 23 јуни. До ден денеска никој ми нема одговорено на моето барање. Во преставката се наведува неколку барања:
Согласност спроведување на вонреден инспекциски надзор на училиштетот Методија Мицевски-Брицо, проверка на законитоста и правилностите, постапката од страна на училиштето во конкретниот случај, проверка на реализација и дополнителните часови и соодветна документација и мерки преземни за поддршка на ученикот. Проверка дали родителот бил навремено информиран и советуван согласно предвидените процедури. Проверка дали биле исцрпени сите педагошки процедурални можности што ги предвидува образовниот систем пред донесување на одлука за повторување на учебната година. Превземање соодветни мерки во случај на утврдени неправилности и писмено звестување за утврдените наоди и преземање на законски предвиден рок. Имајки во предвид дека станува збор за право на едно дете на образование и одулка која дирекно влијае врз неговото понатамошно образоване и личен развој, барам оваа преставка да биде разгледана со приоритет, професионалност. Денеска е 1 септември, а преставката е поднесена 23 јуни, до ден денеска никој ми нема одговорено на оваа преставка. Вака функционира нашето МОН и затоа не очекував дека некој ќе ми одговори на оваа преставка. Се работи за дете кое што има само 15 години. Замислете вашето дете на 15 години да ви рече тато ги имаме пасошите дај да си одиме од тука. Само нека се замислат тие луге што значи тоа. Самото дете е свесно дека овде нешто не функционира.“, вели Азировиќ
Таткото Азировиќ и натаму тврди дека неосновано неговиот син бил повторуван. Според него поради вкави причини се послаб ќе биде интересот на младите да останат во државата.
Беше повтарано неосновано од политички причини од страна на директорот и класната. Затоа ќе имаме паралелки и деца се помалку, 26 затворени училишта.
Во врска со слуачјот, М-Нет телевизија најпрво се обрати до директорот на училиштетот, кој ги демантираше ваквите тврдења, истакнувајки дека оценувањето е спроведено согласно законски реугалативи и нема никаков пропуст. Дополнително електронски се обративме и до МОН, до емитувањето на прилогот не добивме повратна информација.
Иван Митев, М-Нет