
Редовно и правилно миење на рацето со сапун и вода, проветрување на училиштето и затворените простории и навремена вакцинација, се само дел од препораките на Институтот за јавно здравје.
Со почетокот на новата учебна година се зголемуваат контактите меѓу децата, учениците и наставниците во училиштето. Затоа од Институтот за јавно здравје споделуваат препораки за спречување на ширењето на заразните заболувања. Да се одржува лична хигиена со чиста облека, уреден изглед и чист простор, да се кашла или кива во марамче или во свиткан лакт, за да се заштитат другите од заразните капки и ширење на инфекциите. Рацете да се мијат најмалку 20 секунди, секогаш пред јадење, по тоалет и по доаѓање од надвор, почесто проветрување на просториите при свеж воздух за намалување на ризикот од пренос на вируси и бактерии, а вакцинацјата да се врши според календарот на имунизација, бидејќи вакцините штитат од тешки заразни болести и нивни компликации. Да не се споделува шишиња, прибор и лични предмети оти можат да пренесат микроби, па затоа се препорачува да се носат свои и доколку се забележат симптоми на заразна болест, задолжително да се остане дома или да се оди на лекар. Треска, кашлица, болки во грло, течење на нос, повраќање или дијареа се причини да не се оди на училиште.
Здрави учениците можат да градат здрава иднина. Со грижа за себе, за другите и за училиштето, првачињата учат дека здравјето е наш најголем успех. Од Институтот советуваат дека малите навики прават големи разлики. Само со чисти раце, свеж воздух, одговорно однесување и здрави ученици се создава безбедна и здрава училишна средина.
Ева Тушевска, М-Нет