Ново Село денеска се сеќава на Тодор Александров, 102 години по неговото убиство на Пирин планина

Ново Село денеска се сеќава на Тодор Александров, 102 години по неговото убиство на Пирин Планина. Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, каде што и самиот тој бил крстен, денеска беше одржана традиционална панахида во негова чест. По панахидата следеше положување цвеќе пред неговиот споменик, кој се наоѓа кај паркот Јавор исто таму. На овој начин, од неговото родно место, уште еднаш беше оддадена почит кон неговиот живот и дело.

,,Еве денеска ние се собравме на овој ден 31 август, 1924 година е убиен на Пирин планина Тодор Александров. По тој повод секоја година традиционално организираме пахаида, богослужба. Денеска тоа го напаравивме во православниот храм Успение на пресвета Богродица, каде што и тој е крстен. Тој е роден во Ново Село, неговата семејна куќа се наоѓа овде, која била запалена 1905 од страна на турскиот аскер, а неговто семејство засекогаш се иселува од Ново Село. Се иселуваат на еден насилен и брутален начин и неговите сестри се населуват во повеќе балкански држави.“, вели Ристов

Но покрај традиционалното одбележување, новоселци велат дека споменот на Тодор Александров и неговото дело треба да се чува секојдневно, како повозрасните, така и младите да ја познаваат историјата и да учат од неа.

,,Ние како новоселци имаме обврска да ги почитуваме овие личности, да им дадеме достојн а почит и чест, и не само ние туку и идните генерации, бидејки живееме слободно благодарение на некој начин на неговата пожртвуваност и борба. Апел на младите генерации тоа сепак треба да го проучат и согледат добро, да се интересираат за сите историски личности.“, вели Ристов

Инаку, Тодор Александров е роден во 1881 година во штипско Ново Село, а загинал во 1924 година на Пирин планина. Останува да значи како една од важните историски личности за Штип и Ново Село.

Иван Митев, М-Нет