
ЈП „Плачковица“ – Карбинци ги известува граѓаните на општина Карбинци дека водоснабдувањето на територијата на општината е целосно стабилно и безбедно. Од претпријатието информираат дека поради зголемена матност на водата од ХС „Злетовица“, во моментов е намален капацитетот на вода.
Поради ваквата состојба, ЈП „Плачковица“ го става во функција и бунарскиот систем, кој е целосно функционален и се користи по потреба во вакви ситуации за обезбедување вода за потребите на населените места.
Од претпријатието уверуваат дека состојбата со водоснабдувањето е под контрола и граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снабдувањето со вода.