Милош Биковиќ во Берово на средба со градоначалникот

Српскиот актер Милош Биковиќ вчера го посетил Беорово каде имаше средба со градоначалникот. Од Општината објавија дека се зборувало за повеќе идеи за развој и промоција на Берово, а Биковиќ го претставија како македонски актер.

„Денеска, во својот кабинет, градоначалникот на Општина Берово Петар Ружински, заедно со претседателот на совет на Општина Берово, Владко Шахпаски, остварија средба со Милош Биковиќ, нашиот познат актер и продуцент, со кого разговараа за повеќе теми поврзани со Берово, неговите потенцијали и можностите за идни активности и соработка“, пишува на објавата на „Фејсбук“ страницата на Општина Берово.


На средбата биле разменети идеи за иницијативи, кои, како што велат од Општината, можат да донесат нова енергија, интересни содржини и нови можности за развој, афирмација и промоција на Берово.

„Особено радува фактот што интересот за Берово, неговите природни убавини, потенцијали и можности, се повеќе се препознава и надвор од локални рамки. Кога ќе се спојат добрата идеја, потенцијалот и желбата за соработка, се отвораат можности за создавање на убави, значајни и долгорочни проекти за нашиот град.
Берово има што да понуди – наша обврска е тие потенцијали да ги претвориме во нови можности“, пишува во објавата.

Биковиќ и лани ја посети Македонија.Тогаш медиумите објавија дека Биковиќ, кој неколкупати досега јавно изјавил дека има македонско потекло, најавил иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово.

Српскиот актер тогаш имаше и средба со премиерот, Христијан Мицкоски, кој, исто така, објави дека било разговарано за инвестиција во хотелски комплекс.

„На мое задоволство имав средба со познатиот актер Милош Биковиќ кој по потекло е од убавиот македонски град Берово. Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово. Ме радува неговата иницијативност и љубов кон Берово и Македонија. Така се почитуваат своите корени“, објави тогаш Мицкоски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hristijan Mickoski (@hristijan_mickoski)

Текстот Милош Биковиќ во Берово на средба со градоначалникот е превземен од МАКФАКС.