
Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса дефинитивно гради тим со кој ќе сака да ја врати шампионската титула во Македонска Каменица. По промоцијата на бугарската репрезентативка Антонина Шопска која е повратник во тимот од Македонска Каменица и промоцијата на Црнагорката Анџела Савовиќ во тимот на Саса пристигна и турската интернационалка Селин Туркоглу.
Станува збор за 24-годишна фудбалерка која игра во средниот ред, а која ги има поминато младинските репрезентации на Турција, а во нејзината кариера настапуваше за повеќе турски екипи и двапати беше шампион во Турција.
Дефинитивно Каменица Саса гради тим со кој сака да ја врати шампионската титула во Македонска Каменица, а оваа сезона „рударките“ ќе атакуваат на двојна круна. Новата сезона Каменица Саса ја отвара против Љуботен во Тетово.
Александар Ванев, М-Нет