
Кучиња, диви животни и птици разнеле дел од угинатите овци, кои биле заразени од овча сипаница над селото Соколарци, во општината Чешиново-Облешево.
Од Асоцијацијата на одгледувачи на овци велат дека животните биле фрлени во јами кои требало да бидат затрупани, но четири од нив останале отворени околу 20 дена.
Оттаму велат дека нема вакцини за болеста, па одгледувачите се принудени сами да бараат начин да ги заштитат стадата.
Ја оценуваат состојбата како алармантна и бараат итна реакција од институциите.
Предупредуваат дека без брза реакција, болеста може дополнително да се прошири.
,,Алармантно е , треба да се освестат институциите, пошто навистина е хаос, видовте и сами како стојат овците што ги влекле кучињата во овој регион и сега секој ден се проширува оваа болест, заради тоа што еве позади мене имало четири дупки и стоеле околу 20 дена отворени, чекале да се полнат, тие биле отоврени и од тука кучињата ги влечеле. Сакав да им кажам на АХВ дека ние сме на терен како сојуз, не како што тие велат дека ја следат ситуацијата од канцеларијата. Оттаму не се следи ситуацијата. До вчера имавме информации дека околу 10.000 овци се заразен, над 2000 има тука зад мене. Жителите велат дека по каналот има. Се соопштува дека сите кои ке ги вакцинираат сами грлата ке има санкции, тоа не е во ред. Зошто тие сами организираат вакцинација ? Тоа е така затао што АХВ и министерството не ги обезбедиле.“, вели Џемаили
Сточарите се исплашени, особено во истокот од државата, каде ширењето на болеста е секојдневно тврдат од асоцијацијата. Над 50 семејства спред нив оставени без егзистенција
,,Тагуваат луѓето се заспршуваат што ке прават сега понатаму, како ке продоолжат, тоа се цели семејства, кои што живееле од тие овци. Во понеделник од АХВ има околу 5000 овци, но ние само гледаме сега позадина 25000, така да можеби 50,60 семејства се на некој начин на кои што им се угинати овците. Досега било штобило, мислам дека ненавремено сериозно се сфати. Слушнавме дкеа има донација вакцини од Турција, меѓутоа нека ги убрзаат процедурите, нека направат било што и како знаа. Ми се плаче кога ке помислам дека може би кога ќе станам, стадото може да се разболи или нема да биде тука “, кажа Величковиќ
Болеста во последнито период се шири и во штипско велат од асоцијација. Предупредуват доколу нема вкацини, нема да остане ниту една овца.
Инаку, од асоцијација алармираат министерството да преземе што бргу мерки со цел да се спречи ширењето, бидејки на овој начин ќе се униште сточарствово државата.
Иван Митев, М-Нет