
По три одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, фудбалерот на Тиквеш, Тохеб Лавал е најдобар стрелец со постигнати четири гола. Нигериецот одлично го отвори македонскиот шампион и засега е на врвот на листата на најдобри стрелци.
По три погодоци имаат постигнат Есмир Хасукиќ од Силекс, Мартин Стојанов за Брегалница, Гвинеецот Н’фанли Сила од Тиквеш и Фабрис Тамба од тетовска Шкендија, додека пак по два гола постигнаа Христијан Малески кој настапува за Струга и фудбалерот на Шкендија, Фахд Нзенгуе.
Во листата на стрелци се запишаа дури 25 фудбалери со по еден постигна гол по три одиграни кола.
Четвртата рунда се отвара в петок во Штип со мечот од 19 часот меѓу Брегалница и Башкими, а со тоа нова можност за погодоци и промени на листата на најдобри стрелци.
Александар Ванев, М-Нет