
Потврдени и други имиња кои ќе бидат дел од „Штипска Пастрмалијада“ 2026.
На 18 септември 2026 година, на шеталиштето „Ванчо Прке“ во Штип, пред штипската публика ќе настапи популарната пејачка Сара Јо, која подготвува големо музичко шоу со своите најпознати хитови и специјален сценски перформанс.
Нејзиниот настап ќе го означи стартот на музичката програма на годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“, со вечер исполнета со музика, енергија и забава.
Со настапот на Сара Јо, организаторите најавуваат атрактивен почеток на фестивалот и музичка вечер која треба да привлече голем број посетители во Штип.
Покрај Сара Јо, за „Штипска Пастрмалијада 2026“ веќе се најавени и Жељко Јоксимовиќ, како и македонските музичари Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кои на 19 септември ќе одржат заеднички концерт на Градскиот стадион во Штип.
Од Општина Штип најавуваат вечер исполнета со добро познати рефрени, силна музичка енергија и одлична атмосфера.
Ева Тушевска, М-Нет