Намалени цените на производите на штипскиот пазар, најбарани доматите, граѓани велат цените се реални

Пад на цените на производите среде август на штипскиот пазар, домати и пиперки во избоилие. Граѓаните и овој петок купуваа за да имаа домашни производи за до следната седмица. Вела цените се реални, а квалитетот е добар, бидејќи како што велат годинава има доста домашни производи, а увозни се помалку. Најбарани беа доматите и пиперки, како и класјата кои се продаваа по пристапни цени.

Дека побарувачката овој петок е голема на доматот, согласни и производителите од радовишко. Велат дека доматите се домашни, од добра сорта, а граѓаните го купуваат за различни намени. Едни за салата, други за подготовка на домаен кечап.

Овој петок дополнително се продавачи и дињи, лубеници, модри сливи, праски речиси на секоја тезга, а се продаваше и модар допат, како и ајварски пипер по пониски цени.

Иван Митев, М-Нет