
Шетајќи со своите деца покрај шеталиштето на реката Отиња, штипјанецот Зоран Мијалков ненамерно слушнал разговор кој, како што вели, буквално го запрепастил. Три девојчиња, на возраст од околу 14 години, отворено разговарале за тоа како преку интернет, комуницираат со возрасни мажи, притоа претставувајќи се како полнолетни. Запрепастен од она што го чул, а сакајќи да помогне, упатува апел до сите родители, да бидат внимателни и да знаат се за своите деца.
,,Буквално се запрепастив од три девојчиња, па скоро на возраст од 14 години. Буквално си разговараа и збореа меѓусебе, како тие се допишуваат со возрасни мажи и се претставуваат дека се полнолетни и се смеат и мислат дека е многу смешно.“, вели Мијалков
Според Мијалков, ова треба да биде сериозен аларм за сите родители. Вели дека не е доволно само да знаат каде им се децата, туку треба да знаат и со кого се допишуваат и што прават на интернет. Апелира родителите повеќе да разговараат со своите деца и да внимаваат на нивното однесување.
,,Земете, има апликации, видете вашите деца со кој се допишуваат и што прават. Има педофили, има се и сешто. Значи земете со вашите деца разговарајте, научете се што прават. Дерат се, пуштат крици, знаете ли што прават вашите деца низ градот и каде одат? Ова е алармантно и страшно. Треба ли нешто недај боже како во Бугарија што се случи и овде да бидe.“, кажа Мијалков
Мијалков во видеото истакнува дека има впечаток дека родителите не знаат што прават нивните деца, каде одат, со кого се дружат и допишуваат. Апелира и натаму да се превземе нешто за да не дојде до несакани последици.
Иван Митев, М-Нет