СДСМ: Пет недели труење во Гостивар – Мицкоски ниту еднаш не отиде во градот, а оди на одмор

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода, велат од СДСМ.

Обвинија дека премиерот ниту еднаш не отишол во Гостивар од појавата на епидемијата.

„Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор. Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза – по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ. Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење – доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани – исчезнуваат и напаѓаат“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Пет недели труење во Гостивар – Мицкоски ниту еднаш не отиде во градот, а оди на одмор е превземен од МАКФАКС.