
Третолигашите кои ќе се натпреваруваат во регион 3 ги кројат ростерите за новата сезона и ги откривааат плановите, цели и амбициите за сезона 2026/2027.
Каменица Саса која лани испадна од Втора лига има за цел експресно враќање, а за што клубот веќе работи на ангажман и на квалитетни засилувања за да се остварат плановите и целите. Покрај „рударите“ и Овче Поле има јасно поставена цел – само влез во Втора лига.
Овие две екипи ќе бидат главни конкуренти за првото место, барем засега не покажуваат останатите екипи јасна определба за да се форсира за Втора лига и да се носат поквалитетни засилувања.
Првите засилувања беа промовирани во Брегалница од Делчево, се работи за голманот Мартин Димитров, на бековската позиција пристигна Давид Тренчев, а во средината тимот од Делчево се засили со Дејвид Иванов и Славче Митовски.
Во следните денови треба да биде познато точно кои екипи ќе се натпреваруваат во Трета лига регион 3 и кога ќе започне новата сезона.
Александар Ванев, М-Нет