Со сила ѝ го зел личниот накит од 70-годишна жена, приведен 18-годишник од Кочани

фото: МВР

На 09.08.2026 во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин по член 236 став 3 од Кривичниот законик.