Семејно насилство во Кочани

Во текот на вчерашниот ден, во 12.30 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, 44 годишна жена пријавила дека подолг временски период таа и нејзината малолетна ќерка во нивната семејна куќа биле малтретирани од страна на нејзиниот сопруг М.З. од Кочани.

По комплетирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.