Приведен 19-годишник од Кочани, споделил експлицитни снимки од поранешната партнерка

19-годишен жител на Кочани е лишен од слобода откако неговата поранешна 18-годишна партнерка пријавила дека без нејзина согласност направил и споделувал експлицитни фотографии и видеа.
Како што информираат од полицијата, на 8 август во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М. (19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна партнерка од виничко.
Според пријавеното, во периодот од 30 јули до 7 август 2026 година, 19-годишникот преку мобилни апликации и уреди, без нејзина согласност, направил експлицитни видеа и фотографии од неа.
Дополнително, според пријавата, тој преку апликации и социјални мрежи ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а фотографиите и видеата ги направил достапни и за трети лица.
Од полицијата велат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.