Брегалница го промовираше Матеј Ангелов кој е повратник во дресот на „сините“

Брегалница продолжува да се засилува за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а најново име е Матеј Ангелов, кој се враќа во дресот на „сините“.

Ангелов е старо-нов плејмејкер на Брегалница, потекнува од школата на штипскиот клуб, се работи за дефанзивен играч за врска.

Има стекнато искуство во Првата македонска фудбалска лига настапувајќи за Работнички, а беше дел и од украинскиот шампионат, каде настапуваше за екипата на Черкаси, а новиот играч на „сините“ беше и редовен член на македонската репрезентација до 21 година.

Брегалница овој викенд ќе игра под рефлектори против Арсими и ќе бара први бодови.

Александар Ванев, М-Нет