
Голманот Никола Филевски и следната сезона 2026/2027 ќе биде дел од Брегалница, откако неговиот трансфер не успеа да се реализира во Србија во тимот на Јавор Ивањица, со што Филевски кој е член на македонската репрезентација до 21 година ќе го носи „синиот“ дрес.
Младиот и перспективен голамн се враќа во Брегалница и ќе потпише нов договор за продолжува на соработката со прволигашот од Штип.
Филевски кариерата ја започна во Форца Вардар, потоа беше дел од Работнички, Вардар, Борец, Силекс и последно Брегалница, а во штипскиот тим пристигна пред една година.
Штипјани веќе овој викенд го играат првиот домашен меч против Арсими, а мечот ќе се игра под рефлектори со почеток од 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет