ЖФК Каменица Саса гради тим за атак на шампионската титула, договорени две засилувања од странство

ФОТО: Александар Ванев

ЖФК Каменица Саса за новата сезона во Првата женска фудбалска лига гради тим со дефинитивно ќе оди на атакување на титулата, која ја брани тимот на Скопје.

Од минатата сезона ростерот во целост е сочуван, има само едно заминување, откако клубот од малото рударско гратче одлучи да се раздели со Бразилката Тчеури Гоја, а веќе се договорени две странски засилување.

Станува збор за бугарската репрезентативка Антонина Шопска, која доаѓа од шампионат на Бугарија, ЖФК Лудогорец, а ново име во тимот е црногорската интернационалка Анџела Савовиќ, која пристигна од хрватскиот ЖНК Сплит.

Клубот води преговори со уште неколку фудбалерки, што значи дека трансфер пазарот во Македонска Каменица не е затворен. Тимот предводен од Зоран Златковски ќе ја тестира формата на пријателски мечеви против Речица, Скопје, а потоа на 15 и 16 август ќе настапи на традиционалниот турнир во Речица.

Во рамки на првото коло Каменица Саса ќе гостува во Тетово кај Љуботен.

Инаку, Каменица Саса е поранешен шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија, а играше и квалификации за Лига на шампиони.

Александар Ванев, М-Нет