Над 200 пациенти во првите три дена од август во Брзата помош во Штип, 42 домашни посети

Значително зголемен бројот на пациенти на почетокот на август во Брзата помош во Штип. Само за првите три дена од месецот, таму биле прегледани 216 пациенти, а екипите излегле и на 42 домашни посети. Најмногу работа имале на 3 август, кога биле направени 80 прегледи, додека претходните два дена бројките биле 78 и 58 прегледи. Најчесто граѓаните барале помош поради висок крвен притисок, покачена температура, стомачни проблеми со дијареа и повраќање, но имало и случаи со ортопедски повреди. Од Брзата помош велат дека бројот на пациенти е зголемен, а медицинските екипи секојдневно се на терен и им помагаат на граѓаните

„На 01.08.2026 има вкупно 58 прегледи, а 17 домашно посети.

На 02.08.2026 бројот е поголем и изнесува 78 прегледи со 10 домашни посети.

На 03.08.2026 има најмногу прегледи односно 80, со 15 домашни посети. Пациентите начесто се со покачен крен притисок, покачена темепратура, стомачни тегови (дијареа, повраќање) и помал број на ортопедски повреди.“, велат од Итната медицинска помош Штип

На променливото време, кое носи здравствени последици, особено внимателнитреба да бидат постарите лица. На терен тие велат дека ги почитуваат препораките, избегнуваат мрсна храна, велат пијат доволно течности и седат во климатизирани простории.

Инаку, од брзата помош во Штип, упатија апел и до бремените жени, до децата и хронично болните лица, да внесуваат доволно течности, да јадат здрава и квалитетна храна, богата со витамини, како и да избегнуваат излегување од 11 до 17 часот. Посебно се апелира овошјето и зеленчукот да бидат добро изминеи пред да се консумираат.

Иван Митев, М-Нет