Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут.
„ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог“, пишува претседателката во објава на Фејсбук.
Сиљановска – Давкова вели дека размениле мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот Самит на процесот Брдо-Бриони, којшто во ноември ќе се одржи во Охрид.
„Ја истакнавме важноста од негување на добрососедските односи и соработка“, стои во објавата.
Текстот Претседателката Сиљановска – Давкова се сретна со српскиот премиер Мацут е превземен од МАКФАКС.