СДСМ: Клековски сега признава појава на жолтица, Филипче предупреди за тоа минатата недела

Министерот за здравство, Сашко Клековски, денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече. Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо, обвинија од СДСМ.

Од партијата велат дека Клековски признал појава на жолтица, нешто што, според СДСМ, Филипче го кажал уште минатата недела.

„Сега признава појава на жолтица. Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата недела – дека ќе се случи и дека тие не знаат да управуваат со криза. Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација. Прво ја доведоа до оваа точка. Потоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени. Сега ќе доведат до сериозни последици за здравјето на жителите на Гостивар“, велат од СДСМ.

Според партијата, кај власта гласовите секогаш се поважни од животот и здравјето на луѓето.

„Тоа е организираната криминална група која мисли само на своите тендери, а не на граѓаните. Тоа се тие прочуени тендер-патриоти“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Клековски сега признава појава на жолтица, Филипче предупреди за тоа минатата недела е превземен од МАКФАКС.