Денес сончево и топло со температура до 35 степени

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 32 степени.

 

Текстот Денес сончево и топло со температура до 35 степени е превземен од МАКФАКС.