
Сѐ е подготвено за вториот натпревар од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. На арената „Тодор Проески“ во Скопје, од 17:00 часот, Вардар и Брегалница ќе го одиграат првиот меѓусебен натпревар од сезоната 2026/27, а двата тима веќе ги објавија почетните единаесетмина.
Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Никола Кузманов, довербата од првата минута им ја даде на: Амир Јашар, Анџело Николовски, Стефан Коцев (капитен), Ристе Темелков, Благој Хаџи-Кимов, Бојан Рајков, Кристијан Стојкоски, Давид Калпачки, Мартин Стојанов, Лука Георгиев и Филип Алексовски.
На клупата за резерви се: Заов, Миленковски, Тасев, Д. Стојанов, Михолов, Николов, Тимовски и Чичев.
Од другата страна, тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, ќе започне со следниот состав: Диковски, Закариќ, Спахиу, Мишковски, Тодоровски, Дурански, Цветковски, Пулеио, Хасани, Данев и Пирес.
На клупата кај „црвено-црните“ се: Талески, Маневски, Нафтовски, Бабунски, Родригес, Омерагиќ, Јанкулов, Марковски, Кастенада и Бајрами.
Љубителите на македонскиот фудбал со нетрпение го очекуваат првиот судиски свиреж, а дуелот меѓу Вардар и Брегалница ветува добар натпревар.