
Брегалница утре ја отвара новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со мечот против шампионот Вардар во Скопје, а „сините“ ќе ги предводи Никола Кузманов.
Искусниот штипски стратег го презеде кормилото на прволигашот од градот под Исарот, а со тоа тој е повратник на оваа позиција, бидејќи 60-годишниот стратег и во минатото ја водеше Брегалница, а ланската сезона беше помошник во стручниот штаб.
Во својата кариера го предводеше поранешниот второлигаш Слога од Виница, а работеше и во ФК Кит Го од Пехчево каде ја извршуваше и функцијата спортски директор.
Александар Ванев, М-Нет