
Со новите пропозиции за Втората македонска фудбалска лига за сезона 2026/2027 младите фудбалери ќе имаат поголема застапеност и поголема минутажа на терените.
Согласно пропозициите во член 20б се вели дека сите клубови учесници во Втората македонска фудбалска лига, натпреварот мора да го започнат и завршат со три домашни фудбалери кои немаат навршено 21 година и еден домашен фудбалер кој нема навршено 19 години. Според тоа младите фубдалери до 21 години, но и до 19 години ќе имаат поголем простор за настап на мечевите од Втората лига.
За екипата која од причини поврзани со Ковид или друг предизвикувач, остане со 11 фудбалери кои можат да настапат, став (1) не е задолжителен. Во натпреварувачката сезона 2026/2027 година, право на настап како фудбалери до 21 година,
во смисла на Пропозициите на натпреварување во Втора МФЛ, имаат сите фудбалери родени на 01.01.2005 година и подоцна, додека право на настап како фудбалери до 19 години, во смисла на Пропозициите на натпреварување во Втора МФЛ, имаат сите фудбалери родени на 01.01.2007 година и подоцна.
Фудбалерите од став (3) на овој член имаат право на настап како фудбалери до 21 година, односно до 19 години, за времетраење на целата натпреварувачка година.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август, кога ќе бидат одиграни натпреварите од првото воведно коло.
Александар Ванев, М-Нет