
Утре започнува новата сезона 2026/2027 во Првата македонска фудбалска лига со натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Арсими.
Ова ќе биде 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига, а елитното друштво сега ќе брои десет, наместо 12 екипи. Во однос на самите пропозиции последните две екипи испаѓаат директно во Втора лига, а пак осмиот тим ќе игра бараж за опстанок во Прва лига против третиот тим од второлигашката конкуренција.
Како главни фаворити во трката за титулата ќе бидат актуелниот шампион Вардар и вицешампионот Шкендија од Тетово. Скопскиот тим има 12 трофеи и со тоа е апсолутен рекорден, а пак тимот од Тетово има пет освоени титули.
Со оглед на тоа што сега три екипи од шампионатот обезбедуваат излез во Европа, а европска виза носи и Купот на Македонија, покрај Вардар и Шкендија, за Европа но и за изненадување од сенка за титула ќе бидат Струга Трим Лум и Силекс.
Во новата сезона повратници се Брегалница и Скопје, а пак Шкендија Арачиново е дебитат и по првпат во историјата ќе игра во македонската фудбалска елита.
Во однос на првиот воведен меч со кој ќе се отвори 35. издание на Првата македонска фудбалска лига Тиквеш и Арсими се соочиле пет пати досега, од кои четири пати во Прва лига, а еднаш во Купот.
Традицијата вели дека треба да очекуваме три погодоци. На првото соочување Тиквеш беше подобар со 1:2 во Купот на Македонија, потоа Арсими во Кавадарци го доби Тиквеш со 3:4, а пак Тиквеш славеше над Арсими во Чегране со 0:5, додека пак на последното нивно соочување од 3 мај годинава двете екипи ремизираа играјќи 1:1.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими се игра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет