
Второлигашот Детонит Плачковица ги започна подготовки за новата сезона откако вчера на Градскиот стадион во Радовиш шефот на стручниот штаб Горан Здравков ја имаше првата прозивка.
Штипскиот стратег ќе има освежен ростер за новата сезона со неколку млади играчи, но и неколку искусни имиња кои доаѓаат во тимот од Радовиш.
Нови имиња се Махир Ајрули кој доаѓа од редовите на Каменица Саса, потоа Бранимир Иванов од Брегалница, како и Филип Димоски кој пристига од Осогово. Во следните денови се очекува уште неколку засилувања, кон првиот тим се приклучени и неколку млади фудбалери.
Во следниот период ќе следи и официјална промоција на новите засилувања, а притоа ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари за да се провери како оди подигањето на формата.
Новата сезона Детонит Плачковица ја отвара против ланскиот прволигаш Шкупи во гости.
Александар Ванев, М-Нет